
Државните институции без конкретни одговори за злоупотребите со „црвена нафта“
Државните институции без конкретни одговори за злоупотребите со екстралесното масло за домаќинство или таканаречаната „црвена нафта“, што незаконски се користи како замена за дизел горивото бидејќи е поевтино, иако е огромен загадувач. Од ресорното Министерство за животна средина денеска без одговор на нашите прашања, дали и како планираат да се справат со овој проблем. А министерот Нурадин одби да одговара на македонски и зборуваше само на албански јазик.
Информациите покажуваат дека – ако екстралесното масло се користи за да се загреат домаќинствата би се потрошиле 6 милиони литри од овој енергенс, но во земјава сега се трошат 56 милиони литри, што укажува дека се троши во транспортот, незаконски како замена за дизел гориво. Од Министерството за земјоделство посочуваат дека сигурно бил мал бројот на земјоделци кои прават такви злоупотреби, бидејќи ресорното министерството има проект со кој им се даваат картички за таканаречената „зелена нафта“ со што земјоделците имаат алтернатива.
Сепак, опозцијата пак обвини и дека употребата на овие картички за „зелена нафта“ не е голема и дел од земјоделците не ги подигаат затоа што им се дава мала сума. Но колку црвената нафта незаконски се крости во транспортот – од МВР пак велат дека има казни, но нема конкретен податок за колав број станува збор.
Таканаречаната црвена нафта е огромен загадувач односно дури 100 пати повеќе од дизел горивото. А дека не се преземаат конкретни мерки покажува и Законот за акцизи кој се носи а каде ниту се укинува употребата на екстралесното масло за домаќинство како што е случај со повеќе земји од регионот меѓу кои и Косово, ниту пак се изедначува неговата цена со дизелот за да се намалат злупотребите. И додека деновиве мерните станици мерат пикови по загаденост на воздухот а македонските градови се наоѓаат први на светските листи по аерозагадување, изостануваат конкретни чекори како што е овој. Дел од невладините најавија тужба за државата во Стразбур.
Посочија и дека бараат да се укинат службените возила за министрите, но дел од од нив велат дека ако тоа го реше загадувањето ќе се возеле со автобус или ќе оделе пешки.
Теодора Цветковска