Државните инспектори за четири дена затвориле 48 угостителски објекти, 215 кафемати се забранети за употреба

За само четри дена Државниот пазарен инспекторат направил бкупно 3908 инспекциски надзор.

Инспекторите кои биле на терен проверувале далиу се почитуваа Владините мерки. Најмногу прекршоци има во руралните средини, изјави денеска претседателката на инспекцискиот совет , Магдалена Филиповска Грашкоска.

Од проверени 3233 угостителски објекти затворени се 48 на територија на цела Македонија.  За разлика од минатиот период на сите 423 места каде што провереувале инспекторите забележано е дека има помал број на зголемување на цените на лимоните, и дека скоро секаде цените се вратени на старо согласно со 11 март.

ДПИ вршел инспекција и на кафематите на бензиските пумпми. Овие  неколу дена е забрането да се користат 215 кафемати , бидејќи претставуваат опасност за ширење на корона вирусот, вели Филиповска Грашкоса.

Агенција за храна и ветеринарство извршило 208 надзори низ маркети, месари ,зелени пазари низ земјава. Изречени се две глоби – едната бидејќи се продавале производи без декларација, а другата глоба е наредба од инспектор.  Има седум меркии едукации за безбедност на храна , а 15 месари и маркети се опоменети за непочитување за меките за одржуавање на хихена согласно пандемијата.

Државен инспекторат за транспорт направил 70 надзори . Редуциран е меѓуопштинскипт превоз, а се почитува и преполувањето на капацитетот на патниците во автобусите. Според ДПИ , инспектроте не наишле на прекршоци.

Спроведени се 41 контрола на аптеки и таму е забележано дека нема отстапувања. Се внимавало на редот пред аптеките, и биле пропуштани само по неколку луѓе истовремено внатре.

Државниот инспекторат за труд извршил 290 контроли . Изречени се вкупно 14 решенија за фирми кои не почитувале мерките, а се постапувало најчесто по претсавки по граѓани кои користат отусутво поради бременост,хронични болести, деца под 10 години.

ДСЗИ пак извршил 66 инспекциски конторили.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ