
Државјанството на пејачката Лоба беше прва точка на седница на Владата
Барањето на пејачката Викторија Лоба за македонско државјанство беше прва точка на дневен ред на 51-та седница на Владата на Република Македонија.
Во соопштението од петочната седница нема информации за одлуката за барањето на Лоба. Пејачката Лоба е родена во Русија, но со години години живее во Македонија каде е долго време присутна на поп естрадата.