Државата пропушти да направи стратегија за развој на рударството

Државата пропушти да направи стратегија за развој и затоа граѓаните се збунети и вознемирени, вели Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација на рударство. Тој смета дека мора да се знааат потенцијалите и плановите за развој за да се одреди што е во интерес на граѓаните. Според него возможно е да има и земјоделство и рударство но само во транспарентен и отворен процес.

Жителите на Иловица и Штука и понатаму се бунтуваат против рудникот за злато и бакар. Сметаат дека ископувањата се штетни за целата околина, а бенефит немаат ниту тие ниту државата.

од Еуромакс велат дека проектот првично бил дизајниран за производство на два продажни производа, бакарен концентрат и македонски златни прачки кои ќе се продавале на Народната банка на Македонија, согласно Законот за минерални суровини. Идејата била да се придонесе за зголемување на златните резерви на Народната банка на Македонија, што на пример е практика која се применува насекаде во светот, но го отстаниле поради загриженоста на заедницата.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ