Државата нуди помош за Домот за стари лица во Берово

Откако пропадна идејата Домот за стари лица во Берово да се проширува со средства од Швајцарската Агенција за развој и соработка, сега државата нуди помош. Пред извесно време овој дом почнал да добива и финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика

Овој дом има само 29 легла, раководството забележува дека тие имаат и готов проект за изградба на третата ламела, со што ќе можат да им излезат во пресрет на оние кои што се ставени на листата за чекање.

Телма веќе информираше дека иселувањето на цели семејства од источниот регион е проблем за лицата во третата доба. Откако синовите и ќерките заминуваат во странство за овие возрасни лица немало кој да се грижи, останувале сами во своите куќи или станови. Во источниот регион ова е единствениот дом за стари лица, во фаза на карабин е штипскиот дом, а вакви проекти имаат Кочани и Пробиштип.

Викторија Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ