Државата нема решение за болна амнестирана затвореничка, затворот бара спас во манастир

Од 14 години зависник од хероин, со дијагностицирано психолошко растројство, во моментов се лекува од карцином. Ваква е здравствената состојба на 40 годишна струмичанка Кате Т. која веќе три и пол години е на одлежување на затворска казна во затворот во Идризово. Тешка кражба е делото за кое ја осудиле на четири години но со законот за амнестија сега треба да излезе на слобода. Сепак таа се уште е зад решетки. Дезорентирана е со тешка дијагноза а во нејзиното досие нема близок роднина кој би можел да се грижи. Раководството на затворот и покрај извршното решение за слобода, сега се плаши да ја пушти надвор.

Уште пред десетина дена затвореничката го добила решението. Во меѓувреме затворот се обидел да обезбеди сместување за амнестираната преку Центарот за социјални грижи од Стумица, но одговор не добил. И додека државата нема решение што да прави со болната бидејќи за сега никој не се заинтересирал од затворот решение гледаат во Бигорскиот манастир.

За овој случај од Министерството за труд и социјала велат дека е тежок и дека деновиве ќе бараат решение. Во соработка со управата надлежна за затворите и министерството за здравство ќе се одлучи каде ќе биде однесена амнестираната затвореничка. Инаку од таму велат дека веќе направиле листа на социјално ризични случаи на амнестирани затвореници за кои државата ќе мора да се погрижи.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ