Државата ќе чека Груевски да го изгуби статусот на азилант во Унгарија

Ујбуда или Нов Будим, таму во 11-тиот дистрикт на будимпешта, според азилатските документи живее пребеганиот екс премиер и осуденик Никола Груевски.

Ова е едно од откритијата до кои дојдоа унгарските новинарти откако вчера Груевски беше спроведен на суд кој ја отфрли екстрадицијата во Македонија. Најголемиот дел од појавувањата на Груевски во јавност се токму во таа област на Будимпешта, таму ручаше со вработените од царина, во истиот дистрикт кој е најголем по број на жители во Будимпешта екс премиерот се среќаваше во таен дипломатски стан со претставници на унгарското МНР, во таа област е и институцијата задолжена за издавање на одобрениот азил. Токму азилот и бегалскиот статус се најголема пречка за екстрадиција на Груевски. Надлежните органи во Скопје се уште не го добиле аберот од Будимпешта, но гледаат трошка надеж во можно испорачување на Груевски назад, во случај да му биде одземен статусот по ревизија.

Груевски вчера со врзани раце беше спроведен во судот и беше камуфлиран со скапите мајбах наочари и со капче.

На крај судската одлука во негова корист ја дочекал ладнокрвно и без емоции, а остана глув на сите новинарски прашања.

Македонија по вторпат бараше екстрадиција овојпат и за учество во организација на крвавиот четврток во Собранието, но без успех.

Груевски избега лани во ноември кога наместо да отиде во Шутка да издржува две годишна затворска казна, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега со дипломатски унгарски транспорт.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ