
Државата изгуби контрола, кој стигне и каде стигне нелегално сече дрва
Патишка река е последното во низата места нападнато од дрвокрадците кои нелегално сечат оргомни површини шума и безмилосно ја уништуваат природата. Интензитетот се зголемува од ден во ден, во пресрет на почетокот на грејната сезона.
Викендов група планинари и ентузијасти биле затечени од глетката над селото. Малата планинарска стаза која води до местото „Остри Врв“ е проширена за да може да помине камион и води неколку стотици метри до крајот на листопадната шума за која тие велат дека буквално е опустошена.
Од двете страни се сечат дрва од различна големина а до патот има оставено трупци кои допрва дрвокрадците треба да ги подигнат.
Нашите соговорници тврдат дека на патот кој го користат дрвокрадците има багер со ознаките на „Македонски шуми“ кој неколку пати бил помесетен.
Викендов апели за акција на надлежните стигнаа од тетовските екологисти. Огромни површини шума секојдневно се сечат во повеќе реони од планината а последното место е кај Лешница.
Тие обвинуваат дека надлежните намерно го пролонгираат прогласувањето на Шар Планина за национален парк за да може да ги задоволат апетитет на локални моѓници кои градат мини хидроцентрали.
Планинари со кои „Телма“ контактираше тврдат дека опустошење на шумите има и во гостиварскиот реон, кај Маздрача. Оваа слика е направена пред еден месец а според нив, пристуна била и екипа на „Македонски шуми“ кои на лиуце место ставале жигови на исечените дрва.
Последна во низата е сечењето на десетина стебла во децениската шума кај хотелот „Инекс Олгица“. Иако од хотелот доставија документација дека имаат дозвола да исечат седм исушени стебла, од сликите и видео записите на граѓани и екологисти може да се види дека станува збор за многу поголема бројка и дека не се исушени.
Од „Охрид СОС“ тврдат дека нелегалната сеча се вршела и на парцела сопственост на државата.
Од невладината најавија дека ќе бараат одговорност.
Минатата недела, од Владата пласираа запрепастувачки податокот според кој дури 40 отсто од дрвата користени за греење се нелгално исечени за кои граѓаните им платиле на дрвокрадците.
Надлежните, како по правило без коментар но и без конкретна акција.
Огнен Чанчаревиќ