Драматичен пад од 22 места на индексот за глобална конкурентност

Македонија е на 84 место меѓу 140 земји во светот по конкурентност. Новиот извештај на Светскиот економски форум за глобалната конкурентност ја смести земјава 22 места подолу во однос на 2016 година. Иако методологијата на анализирање е комплетно нова, прашањата поврзани со 12 критериуми се исти, и тие се однесуваат на pродуктивноста, конкурентноста и просперитетот  на економиите.

Податоците што се темелат на перцепцијата на генералните менаџери на компаниите и на статистиките на државните институции, даваат долга  листа на области каде земјава бележи пад. Најлошо рангирана е во делот на правосудтсвото, пазарите на кои фирмите имаат пристап, во институциите и инфраструктурата.

Во делот на институциите е лошо рангирана, во правосудството е на 130 место, имплементирање на правни прописи, организиран криминал, тоа се реалните проблеми на бизнисот, слаба искористеност на кредити и слаба поддршка на малите и средни компании, вели Дрилон Исени од Комората на Северозападна Македонија.

Индексот на конкурентност е најкредибилниот извештај вели Исени, бидејки ја дава реалната слика во која функционира стопанството но е и патоказ што и како да се подобри, бидејки на него се повикуваат и домашните и странските инвеститори.

Ова го потрвдува индикаторот за преземање ризик од страна на бизнисите каде сме на 136 место, но има придонес во пристапот на фирмите кон инвестиции, нови технологии, вели Исени.

Во однос на образованието и вештините на работниците, Македонијна е на 81-то место но заради квалитетот на стручното образование наше е 130-то место, што покажува колкав е недостигот од работна сила која одговара на потребите на пазарот.

Најдобри оценки земјава има во бизнис амбиентот, односно за капацитетот на приватниот сектор да генерира и усвојува нови технологии и бизнис модели и во делот на инфлацијата. Подобар индекс на конкурентност од нас имаат сите земји од регионот освен БиХ. Последен пат Македонија беше дел од глобалниот индекс на конкурентност во 2016 и тогаш беше на 62 место во светот.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ