Драган Вучиќ почина утрово на 65 годишна возраст, пред 8 дена бил примен на Инфективна

Драган Вучиќ почина утрово на 65 годишна возраст, на Инфективната клиника во Скопје, каде бил хоспитализиран и се лечел од корона вирусот. Веста на ФБ ја потврди министерот за здравство, Филипче.

  • Драган Вучиќ беше хоспитализиран пред 8 дена, откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на Одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови , за жал му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочувство до семејството и блиските, информираше Венко Филипче-министер за здравство.

Вучиќ беше музичар, водител и шоумен, а кариерата ја заврши со емисијата „ Гурмански муабети“,  што ја работеше за нашата телевизија Телма, во која гостуваа истакнати јавни личности од различни професии, од целиот регион. Тој беше автор и на емисиите „ Вашите 5 минути“, „ Возење со Вучиќ“ и др. Негово е авторството на популарните забавни мелодии од фестивалот „ Макфест“,  „ Ангели ме носат“, „ Свирете ја зајди, зајди“, „ Кажи ѕвездо“, но и на нумерата „ Make my day“, со која неговиот син Мартин Вучиќ ја претставуваше Македонија на Евросонг во 2005 година. Во 90-тите години на минатиот век, Драган Вучиќ беше пејач во групата „ Кода“, а работеше и на радио.

Сотор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ