
Дождовите ја одложија жетвата на лебното зрно во Штип
Дождовите, но и минатонеделните штети од градот ја одложуваат жетвата на лебното зрно во штипскиот и овчеполски регион. Земјоделците пред стартот на жетвата на пченицата се соочуваат и со се уште недифинирана цена, секоја година трошоците им се зголемуваат. Поради постојаните загуби, најавуваат дека ќе се ориентираат на други култури.
Земјоделците бараат оптимална цена на пченицата од 12 денари за килограм, а додека мелничарите стојат на став дека откупната треба да биде пазарната цена. Се уште нема договор меѓу двете страни, но се согласни дека разликата меѓу производствената и пазарната цена треба да се покрие преку државниот буџет. Ресорниот министер при последната посета на овчеполието забележа дека тие внимателно ја следат состојбата и во овој случај се медијатори меѓу земјоделците и мелничарите.
Министерството за земјоделство деновиве ќе ја објави производствената цена и дополнителните мерки кои ќе ги преземат, а сметаат дека со откуп на 12 милиони килограми пченица од страна на Агенцијата за стоковите резерви ќе донесе и повисока цена за оваа стратешка култура.
Викторија Димитрова Јованова