Дождот ја замати водата за пиење во Кавадарци, граѓаните да ја превриваат

Задолжително треба да се преврива пред употреба за пиење водата од регионалниот водовод „Лукар“ бидејќи  е заматена и нема присуство на резидуален хлор, поради обилните  дождови и наглото топење на снегот од планината Кожуф, укажува одделението на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

– Денешните мерења на резидуален хлор во водата покажаа негово отсуство,  а тоа ни е показател за хлорирање на водата за пиење. Дадовме налог до комуналното преторијатие  да се зголеми дозирањето  на хлор во хлораторната  станица. Зедовме и дополнителни  мостри од водата за пиење за анализа, појасни Трајче Ризов, раководител и лекар специјалист по хигиена во кавадаречкото одделението за јавно здравје Кавадарци.

Тој потсети дека од водата која се носи педесетина километри од планината, пијат 60-ина илјади жители од три општини во Тиквешијата. Кавадарци, Неготино и Росоман. Таа ќе мора да се преврива, се додека надлежните институции не кажат поинаку.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ