Довицизо на пол за трката во Мотеги, Маркез дури шестти

Италијанецот Андреа Довициозо беше најбрз на квалификацииte во најсилната Мото ГП класа за утрешната трка во Мотеги за Големата награда на Јапонија од светскиот шампионат во мотоциклизам.

Возачот на „Дукати“ седмата пол позиција во кариерата ја реши во последниот круг кога зад себе остави неколку ривали. Французинот Жоан Зарко на „Јамаха“ ќе му прави друштво во првиот со 68 илјадитинки послабо време исто како и Австриелцот Џек Милер на „Дукати“, кој задоцни 137 илјадитинки.

Актуелниот првак Шпанецот Марк Маркез на „Хонда“ имаше дури шесто време а пред него во вториот ред ќе стартуваат од четвртото место Британецот Кал Крачлоу на „Хонда“ и од петото, Италијанецот Андреа Ианоне на „Сузуки“.

Италијанецот Валентино Роси на „Јамаха“ потфрли и ја освои деветата позиција, веднаш по двајцата Шпанци Маверик Вињалес на „Јамаха“ и Алекс Ринс на „Сузуки“.

Пред утрешната 16 трка сезонава, во Генералниот поредок, Маркез е прв со 271 бод, 77 повеќе од второпласираниот Довициозо. Роси е трет со 172 бода.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ