Довициозо најбрз на патеката „Марко Симончели“

Возачот на „Дукати“ Андреа Довициозо му го обезбеди на својот тим првиот триумф за Големата награда на Сан Марино по пауза од 11 ет години откако беше најбрз на 13 станица во најсилната мото ЏиПи класа од светскиот шампионат во мотоциклизам.

На патеката „Марко Симончели“ во Римини, Италијанецот ја оствари третата победа сезонава или 20 во кариерата освојувајќи го првото место со речиси три секунди подобар резултат од актуелниот првак Шпанецот Марк Маркез на „Хонда“. На третото место од победничкиот подиум се искачи Британецот Кал Крачлоу на „Хонда“ кој профитираше од излетувањето во претпоследниот круг на Шпанецот Хорхе Лоренцо на „Дукати“.

Благодарение на триумфот Довициозо се искачи на втората позиција во генералниот поредок кај возачите со 67 бодови помалку зад лидерот Маркез (221 бод). Италијанецот Валентино Роси на „Јамаха“ кој заврши седми, сега е трет со 151 бод.

Светскиот шампионат во мотоциклизам продолжува за две недели кога на 23 септември ќе се вози за Големата награда на Арагон.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ