Доверителите на штипски Бетон со побарувања од над 24 милиони евра

Доверителите на штипската градежна комапнија Бетон побаруваат над 24 милиони евра. Стечајниот управник утврдил дека реални се побарувањата на доверителите во висина од 936 милиони денари или над 15 милиони евра На денешното испитно рочиште во штипскиот основен суд се јавиле околу стотина доверители. Утвредно е дека спорни побарувања се 545 милиони денари или околу 8.790.000 евра.

  • На денешното испитно рочиште, стечајниот управник се произнесуваше по приговорите поднесени против табелата на утврдени и оспорени побараувања поднесени од доверители на кои им е оспорено побарувањето, информираат  од Основен суд-Штип.

Доверителите на коишто не им се прифатени побараувањата, можат да покренат судска постапка. Стечајната постапка за Бетон е отворена на 2 јули. Оваа компанија должи на вкупно 577 доверители, од кои што 124 се фирми, а остантите се побараувања на вработените. Но на 10 декември во штипскиот основен суд ќе се одлучува судбината на Бетон. Дали ќе се ликвидира или реорганизира. Одлуката треба да се донесе на Собрание на доверители.  Направен е  попис на имотот со кој располага компанијата што некогаш беше втор по големина градежен играч. Најголемиот корисник на тендерите од  „Скопје 2014“ ќари 55 милиони евра, но токму начинот на добивањето на тендерите  стана дел од случаите на  сега исто така поранешно СЈО. Оваа компанија остана и без договор со грчки Интеракт, кој ја гради новата болница во Штип, а незавршен го остави и објектот на ФИНКИ.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ