Доцни платата за епидемиолозите и останатите вработени во Институт за јавно здравје

Епидемиолозите, микробилозите и останатите вработени во институт за јавно здравје, немаат земено плата за март. Клучната институција во која здравствените работници секојдневно и ден и ноќ работат на тестирање на граѓаните од Ковид 19 нема информација кога ќе им биде исплатена платата. Се чека усогласување на колективните договори со Министерството за здравство, велат од таму. Оштетени се и поради тоа што единствено овие вработени владата ги изостави во мерката за покачување на платите во здравството која започна да се спроведува токму од март.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ