
Доцни платата за административците поради непополнет регистар за вработени
Илјадници административци во стотина државни институции, вклучувајќи и минстерства сеуште ја немаат добиено октомвриската плата бидејќи нивните раководители не го пополниле електронскиот регистар на вработени. Сметките на институциите се функционални но платите на вработени се задржани од УЈП по налог на министерството за информатичко општество и администрација како опомена за неажурноста на надлежните.
Министерот Манчевска објаснува дека станува збор за систем поставен уште во 2015 година со кој се поврзува МИОА, УЈП и Агенцијата за вработување и е законска обврска во секој државна институција да се ажурираат податоците за вработените
На самиот старт проблеми биле воочени во над 400 државни институции, некаде податоците не се совпаѓале а некаде воопшто не биле внесени. Отакко платата почнала да доцни и раководителите биле информирани дека е запрена од УЈП поради регистарот, манчевски вели дека тој се пополнува далеку пожаруно и дека за само неколку дена се внесени податоци за нови 15 илјади административци.
Тој уверува дека во моментот кога регистарот ќе биде пополнен платите ќе бидат пуштени од УЈП и додава дека оваа пракса отсега ќе се применува секој месец и со тоа ќе се воведе ред.
Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
Според Манчевски, предноста на системот и неговото секојдневно ажурирање е што извештајот за број на вработени во државната администрација ќе се базира токму врз овој регистар на вработени и ќе биде прецизен и со бројки од реално време.
Огнен Чанчаревиќ