Доцнат субвенциите за земјоделците и сточарите

Земјоделците и сточарите од штипскиот и кочанскиот регион  се жалат дека сувенциите им доцнат. Бараат навремена исплата, со цел да инвестираат во производството. Производителите на житни култури наместо да ги добијат до 30 јуни, кога трошоците им се најголеми, тие ги добиваат сега. Некои од нив имаат и пари коишто од државата ги чекаат неколку години.

Производителите на пченица и јачмен годинава се релативно задоволни од приносите и откупната цена Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев оние коишто ги применија сите мерки имаат добар род на лебното зрно и сточната храна. Но, според него  за да земјоделците имаат рентабилно производство и младите да останат во селата потребно е министерството за финансии да го одврзи ќесето и еднаш за секогаш да се решат старите долгови. Очекува премиерот,а воедно и првиот човек за финансиите да ги слушне нивните барања.  

Незадоволство има кај сточарите, но и кај оризопроизводителите, кои се уште не си ги зеле петте денари по килограм ориз.Тие утре својот револт ќе го искажат на протест и со блокада на едната коловозна лента на патот Штип-Кочани во селото Облешево.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ