
Достовски: Од коноп и марихуана правев лек за себе и за семејството, но и за вработен во МВР
238 грама марихуана се главен доказ преку кој обвинителстовто бара од судот најмалку три години затвор за граѓанскиот активист Филип Достовски. Се откажа од кривичното дело продажба, а го обвинува само за поседување дрога. За Достовски да биде виновен медицинските вештачења треба да докажат дека тревата најдена кај него содржи психотропни супстанци.
Достовски призна дека поседувал коноп, а не дрога. Правел лек, но не продавал. И во судот рече дека не е виновен. Луѓето сами му ги носеле состојките за да им направи масло од канабис. Последната доза била намената за дете на вработен во МВР, но и за него бидејќи повеќе од 20 години боледува од карционом.
Достовски во судот дојде пратен од многу поддржувачи кои и денеска бараа слобода за него од судот.
Пред две години со законски измени државата дозволи производство на канабис за медицински цели. Премалку вели Достовски кој е активен член на работната група на владата за нови измени во овој закон.
Јавноста за Достовски слушна пред 10 години кога тој се обиде и успеа да направи масло од канабис, промовирајќи ја употребата на маслото за медицински цели преку невладината „Зелена Алетернатива“, овозможувајќи на многу познати научници од оваа област да говорат на тема канабис како лек во Македонија.
Павле Беловски