Дорис Пак: Неприфатливо е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници
Германската политичарка и претседател на асцијацијата на жени во Еврпската народна партија, Дорис Пак, по средбата со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски на својот твитер профил напиша дека ЕПП не смее да го толерира однесувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон осумте пратеници кои гласаа за уставните измени, спротивно на ставот на партијата.
„Неприфатливо е осумте пратеници од ВМРО кои гласаа за договорот со Грција и за европска иднина на земјата сега да примаат закани и да се третираат како криминалци. ЕПП тоа не смее да го толерира”, напиша на Пак, по средбата со Мицкоски во Хелсински, каде се оддржува Конгресот на ЕПП.
Мицкоски вчера се сретна и со еврокомесарот Јоханес Хан, кој на „Твитер“ напиша дека бил кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира без никакви пречки.