Дорис Пак: „Не“ од Брисел не е последниот збор

Политичарите го решија името и сега тоа треба да се тргне настрана. Ова го порача Дорис Пак, претседателката на организацијата на жените на Европската народна партија, која притоа рече дека од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, добила уверување дека Преспанскиот договор е затворено прашање.

„Колку што зборував со ВМРО-ДПМНЕ, со шефот на партија, во нашите разговори сметаме дека сето тоа е разбирливо за него. И никогаш не рекол дека тој го спори Договорот од Преспа и дека сака да го собори. Изјави, да, дека не гласале за, но никогаш не кажа дека не би го прифатил договорот, затоа што тоа е веќе завршена ситуација. Значи предметот е ад-акта“, рече Пак.

Пак изјавата ја даде одговорајќи на прашање како глед на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ за менување на Преспанскиот договор.

„Предавството и трајната штета на макеоднскиот народ на граѓаните на Македонија ги донесе Зоран Заев и владата на СДСМ. Но за да ја исправиме оваа грешка одговорот е математички, односно број на пратеници во Собранието и ’бадинтер’“ , изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар на 19 октомври.

Поранешната германска европратеничка која се обрати на третиот германско-македонски форум рече дека недобивањето на датум старт на преговори со ЕУ можеби е повик за будење на овдешните политичари, за сега уште повеќе да се посветата на добри политики за граѓаните. За Пак приказната со ЕУ не е завршена.

„’Не’ од Брисел сигурно не е последниот збор, ЕУ воопшто не смее да си дозвили, овде и цела Југоисточна Европа да остави поле за игра на туѓи моќници“, рече Пак.

Германскиот амбасадор пак причината за недобивање на датумот не ја гледа примарно во Македонија, туку во европскиот скептицизам за проширување. За Герберих во тој контескт е нејасно зошто сега се оди на избори.

„Дали сега во моментов е разумно и дали актуелниот резултат, најава за нови избори и повлекување на влада оринтирана кон реформи на Северна Македонија е паметно“, рече Томас Герберих, амбасадор на Германија.

Герберих рече Берлин е за тоа процесот на пристапување да биде потранспарентен и подобар, но оти на Македонија терба да и се даде шанса и оти за Германија пристапот на земјава во ЕУ и отпочнување на преговорите е приоритет.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ