Дополнителни 187 милиони евра за Кичево-Охрид, автопатот вкупно ќе чини 600 милиони, Владата вели- заштедивме 95 милиони

Автопатот Кичево Охрид финално ќе ги чини македонските граѓани 600 милиони евра, или прецизно 598, наспроти проценетата вредност од 411 милиони која пред повеќе години беше наведена при склучувањето на договорот со Кинезите за негова изградба. Ова значи дека државата ќе плати дополнителни 187 милиони евра од првичната вредност, за што Владата денес го усвои третиот анекс на Договорот, кој потоа ќе мора да го изгласа Собранието. Кинеската страна всушност барала многу повеќе екстра пари, дури 282 милиони евра, но од Владата тврдат дека благодарение на нивните едногодишни мачни и домаќински преговори, цените и сумата на дополнителните активности се намалиле, со што се заштедени 95 милиони евра.

Оваа Влада сигурно не би потпишала ваков договор како претходната, вели вицепремиерот Анѓушев, и тврди дека сега сепак дефинитивно се решешени сите проблеми околу изградбата на овој автопат, и неговата изградба интензивно ќе продолжи. Заради големите проблеми, вели, можевме да ја прекинеме изградбата, но тогаш ќе пропаднеа сите досега потрошени пари, а изведувачот ќе можеше да не тужи пред арбитражни судови.

Можеше да случи, од една страна, државата да не добие пат, да мора да ги врати парите и дополнително да плати сериозни пенали. Другиот пристап беше да се продолжи да се гради автопатот, но претходно да се доведе во технички и финансиски исправна состојба. Владата ги процени двете можности и донесе одговорна одлука да продолжи да го гради, но претходно да ги разреши овие проблеми, вели вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот ги наведе сите грешки на претходниот проект, лош проект, несоодветен терен, потребни дополнителни ископи. Најголем бил проблемот со тунелот, има огромни трошоци заради лоши проценки на квалитетот на земјиштето. Во проектот немало предвидена ни една, па морало да се допроектираат девет клучки, и дополнително темелење на мостовите. Имало и незавршени експропријации и дислокации на далекуводи и кабли.

Дали некој ќе одговара за големите грешки и пари што ќе ги потроши државата, Анѓушев вели – владата не е истражен орган, за тоа има соодветна истрага, да оставиме надлежните органи да си ја завршат работата.

За овие плус 187 милионио евра државата ќе мора да земе кредит, ќе се бара од кинеската ЕКСИМ банка, која го даде и претходниот заем, но дури откако Собранието ќе го изгласа анексот, вели министѕеропт Тевдовски. Условите на тој кредфит беа 2 отсто камата, соп 20 години роки на плаќање и 5 години грејс период.

Свесни сме дека дел од граѓаните ќе негодуваат што повторно се задолжуваме, но друго решение не постоеше, бевме со врзани раце. Ова е најеклатантен проимер за неодговорност и раскалашеност на претходната Влада, вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Изведувачот ќе ја продолжи и забрза градбата, која и сега не е стопирана, и ќе ги исправи сите пропусти, вели министерот, граѓаните ќе добијат модерен автопат по сите стандарди.

Бирократијата помина, експропријацијата е решена со 98 отсто, сега следува најтешкиот дел – градењето. Месечно ќе се реализираат по 10 до 20 милиони евра.

Дел од трасите, од Охрид кон Кичево, како ќе стасува асфалтниот дел, ќе бидат пуштани во употреба, нема да се чека да се заврши, само за да се растерети тој дел од сообрачајот, вели Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

Синохидро ќе треба да продолжи да работи со македонски компании како подизведувачи, 51 отсто од вредноста на договорот. Досега автопатот е изграден со околу 45 до 50 отсто, автопатот треба да биде готов до до средината на 2021 година.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ