
Дополнителен формулар за патниците кои ќе се враќаат од критичните региони во Италија
Патниците на компанијата „Визер“ кои ќе се враќаат од критичите региони во Италија ќе пополнуваат дополнителен прашалник во кој ќе треба да ја внесат локацијата на престој и домашната адреса како една од мерките за превенција на ширењето на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека ова е договорено со компанијата, а новата мерка ќе почне да се применува веднаш.
Во изминатото деноноќие не се регистрирани нови случаи на зболени од коронавирус во Македонија. Две лица кои биле во Италија и едно кое престојувало во Шпанија вчера се јавиле на Инфективната клиника а тестовите биле негативни на присуство на коронавирус. Скопјанката која што е единствениот потврден случај во Македонија и е во изолација на клиниката е стабилна и од ден во ден подобра. Во моментов во државата 26 лица се во домашен карантин, имаат постојан контакт со епидемиолозите а екипи на Црвен крст вршат достава на неопходните продукти.
Министерот Филипче соопшти дека средствата за дезинкфекција од денеска ќе почнат да се доставуваат до училиштата а одлуката за тоа дали ќе се продолжи препораката за јавните собини, културни манифестации и спротски настани ќе биде донесена утре или најдоцна во петок наутро.
Владата сеуште чека на официјалниот извештај на пазарниот инспекторат – дали се откриени аптеки кои ја зголемиле цената на заштитните маски и средствата за дезинфекција и дали е зголемена нивната увозна цена.
Во соседните држави бројката на заболени од корона вирусот сеуште е едноцифрена – вкупно осум лица и сите се во Грција. Во Европа пак, вкупната бројка на носители на коронавирус е 3.365 лица а во последните 24 часа регистрирани се случаи во нови три држави од Унијата. Најголемото жариште во Европа се регионите Ломбардија и Венето во Северна Италија. Во Италија се заразени повеќе од 2.500 лица, а досега починаа 79. Франција е второто жариште со заболени 212 луѓе, следува Германија со 203.
Според последните информации на СЗО во светот се пријавени околу 93.210 случаи на инфекција со новиот коронавирус, а од починале 3,203 луѓе.
Огнен Чанчаревиќ