Донирање на вишокот храна за да се нахранат гладните

Стисок со рака и своерачен потпис. 14 невладини организации се обврзаа  дека ќе се обидат да ги нахранат гладните, односно ќе го дистрибуираат вишокот храна на  социјално ранливите категории. Ќе почнат во Скопје, каде секојдневно за 1000 лица ќе обезбедуваат по 2 оброци. Во целиот ланец  е особено важен бизнис секторот од чија воља и попдготвеност ќе зависи многу.

Анализите покажуваат дека додека речиси 450 000 Македонци имаат само еден оброк дневно, нашата земја е осма во светот по фрлање храна, секако имајќи го предвид соодносот на населението. 5000 тони прехрамбени производи , маркетите и рестораните , ги носат на депонијата Дрисла

„Македонија се соочува со предизвици во многу сектори, но еден од најголемите е како да се подобри ситуацијата во која еден од пет Македонци нема три оброци дневно. Од друга страна, сведоци сме дека огромни количества на храна се фрлаат“, кажа Сибиле Сутер Тејада – амбасадор на Швајцарска Конфедерација.

Според амреиканскиот амбасадор Џес Бејли со ова прашање не се соочува само Македонија. Во САД се уште се соочуваме со недостиг на храна, кажа Бејли.

„Еден од осум Американци не е сигурен дали ќе има доволно храна секојдневно. Поминавме години во изготвување вистинска легислатива преку која невладиниот сектор може да се бори со гладта намалувајќи го фрлањето на вишокот храна“, кажа Џес Бeјли – амбасадор на САД.

Системот е поддржан од УСАИД, Американската амбасада и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Очекувањата се дека законот за донирање на храна на кој се работи ќе биде усвоен до крајот на годинава предвидува поедноставни процедури за даночни олеснувања за оние кои донираат храна, заштита на граѓанските организации во случај на незгода, дополнување на списокот на храна кој може да се донира и по истекот на рокот.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ