
Донев: Политиката на Мичел и Палмер е спротивна на онаа на Трамп
ВМРО-ДПМНЕ ако го прифатат ова нивната партија треба да се распадне бидејќи тие во името нема да можат да го имаат името „Македонија“. Ако нивните пратеници го прифатат ова значи ВМРО-ДПМНЕ не излажа, бидејќи тие во програмата имаат оти не прифаќаат промена на уставното име.
На избори добивате со гласови на граѓаните на Македонија, а не на граѓаните на САД. Ни ЕУ, ни САД, ни Русија, ни Кина не ве поставуваат за функционер.
Политиката на Мичел и Палмер е спротивна на онаа на Трамп. Нивните пораки се безобразно мешање во внатрешните работи на земјава. Нека се обиде Мичел да прати писмо до некоја друга опозиција.