Дончев: Не сакавме да спречиме продажба на Дијамед, туку да ги предупредиме Дијаверум

Не сакавме да ги спречиме, туку да ги предупредиме. Вака директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, одговори на поднесената кривичната пријава од Вера Иванова, поранешна сопственичка на „Диамед“ дека тој и министерот Венко Филипче ја оневозможувале продажбата на „Диамед“ на шведската „Диаверум“ со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.

Ја сфативме тежината на проблемот и им кажавме дека овде ќе следи истрага. Нивно беше да си одлучат за следните чекори. Но наше беше да ги предупредиме, бидејќи доколку таа истрага утврди дека имало злоупотреба на службена положба на некој од функционерите на власта. Потенцијално и самата концесија може да бдие доведена во прашање и тоа тогаш и како нови сосптвеници би имало последици и врз нив. Ние само сакавме да ги предупредиме за можните бизнис ризици кои би следеле. Да не биде после дека не ви кажавме, рече Дончев.

„Диаверум“ била двапати писмено предупредени од Фондот за здравство за сомнежите за злоупотреба со „Диамед“, кои ако се докажат може да дојде до одземање на концесијата. Првиот пат предупредувањето одело преку шведската амбасадата во земјава на 22 јануари 2018, а вториот пат директно до компанијата на 1 ноември истата година. Сепак тоа не ги спречило „Диаверум“ да го купат „Диамед“ за речизи 12 милиони евра.

Дончев негираше дека имал контатки со компанијата „Диаверум“ надвор од неколкуте формални средби со нив и двете писма.

Директорт на Фондот за здравство денеска детално зборуваше за штетноста на договорот со кој „Диамед“ го добил управувањето со центрите за дијализа, за што за периодот од 20 години на колку и била дадена концесијата требала да инкасира окоу 200 милиони евра, а за возврат месечно да и плаќала на државата 7.500 денари или 125 евра. Дончев изнесуваше и информации за поврзаноста на Иванова и нејзиниот Диамед со Ристо Новачевски, кум на експремиерот Груевски.

Имавме информација дека на Ристо Новачевски, кум на некогашниот премиер Никола Груевски, и воедно брат на неговата лична секретарка, „Диамед – Македонија“ во периодот од 2014 до 2018 му исплаќа вкупни износи од плата од преку 10 милиони денари. Исплата на надоместоци од околу 17 милиони денари, разни готовински исплати од речиси девет милиони денари. Преку картичка на „Диамед – Македонија“, лицето подига 12 милиони денари кеш пари од банкомат, рече Дончев.

Јавното обвинителство вчера информираше дека истрагата за случајот Диамед е во тек и оти истрагата е проширена и за други инволвирани лица, а средставата на команијата во странските банки се замрзнати.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ