
Дончев: Како држава се уште не вложуваме доволно во здравството
Во вечерашната Топ Тема на Телма од директорот на Фондот за здравство Ден Дончев беше побаран одговор на критиките за здравството нотирани во најновиот извештај од ЕУ – недостиг на финансиски ресурси, повеќе од една третина од здравстевите услуги се плаќаат од џебот а а како последива на тоа се создаваат социјални разлики.
„Наследивме многу проблеми и ги решаваме работите, капитацијата ќе биде зголемена, платите за специјалистите растат“, рече Дончев.
Според него ваквата состојба е делумно резултата на не спроведената реформа во позитивната листа, која не е прочистена, рече тој.
Дончев признава дека како држава се уште не вложуваме доволно во здравството. „Од буџетот на РСМ се издвојуваат 6,5 % во здравството, а во Швајцарија, Германија по 9 % се извдојува, сепак историски гледано сега се издвојува најмногу за здравството“, вели Дончев.
На ова неговиот соговорник од ВМРО – ДПМНЕ Игор Николов упати критика дека изградбата на Клиничкиот ценатр Мајка Тереза нема абер да почне.