Домот на културата во Виница е во очајна состојба

Кофи полни со вода е сликата во фоајето на виничкиот Дом за култура. Мириса на влага, бидејќи кровот со години прокиснува. На вработените и на виничани кои секојдневно го посетуваат најтешко им е есента и зимата, кога дождовите им прават дополнителна штетата. Пресметките велат дека за да се реши најголемиот проблем на оваа култура институција чинат 10.000 евра. Средства досега  барале од општината и  ресорното министерство, но  засега нема никаков повратен одговор. Но, наместо да чекаат, раководството одлучило да штеди.

Не е сјајна состојбата и со кино салата, култното место на жителите од овој регион.. Внатре во објектот нема струја, седиштата се затрупани со прашина, а сцената пропаѓа. Но, пристигна добра вест. Општината очекува 14,5 милиони денари од Бирото за рамномерен регионален развој.

Проблеми со културните институции нема само Виница, туку и останатите градови. Дел од домовите за култура немаат греење или кровот им прокапува. Најавено е од од наредната  наредната година преку децентрализацијата,  овие центри за култура да заминат под локална власт. Градоначалниците сакаат да менаџираат со нив, но не и долговите кои со години ги трупале.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ