
Доминација на „Мерцедес“ во Барселона“, Хамилтон на пол-позиција
Возачите на „Мерцедес“ извојуваа еден-два победа на официјалните квалификации за утрешната пета трка сезонава во формула еден шампионатот што ќе се вози на патеката „Каталуња“ крај Барселона за Големата награда на Шпанија.
Актуелниот првак Британецот Луис Хамилтон извозе најбрз круг за полпозиција во кариерата а во стартниот грид покрај себе ќе го има тимскиот колега Финецот Валтери Ботас, кој оствари за 40 илјадитинки послабо време.
За вториот ред се изборија возачите на „Ферари“, Германецот Себастија Фетел и Финецот Кими Раиконен, додека од петата и шестата позиција трката ќе ја почнат двоецот на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верстапен и Австралиецот Даниел Рикиардо.
Пред утрешното шпанско Гран при, во Генералниот пласман Хамилтон води со 70 бодови, пред Фетел со 66 и Финецот Кими Раиконен со 48. Ботас е четврти со 40 бодови.