Домаќинот Австрија мака мачи за да и се спротистави на македонската фаланга

Мачно второ полувреме, неколку загубени шанси и полно скршени срца.

Барем на момент вака изгледаа првите минути по завршувањето на мечот со Чешка. Онаму каде што застанаа ракометарите продолжија навивачите. Оптимизмот на фалангата е неизмерен.

„Репрезентацијата се сака и кога губи“ се првите зборови веднаш по натпреварот. Но, не  изостанаа и укажувањата дека треба да се добие и последната битка во првата фаза.

Да се вратиме неколку часа наназад е доволно за да се објасни впечатокот зошто Македонија ја поседува најсилната навивачка фаланга.

Нашите поддржувачи се единствените кои имаат фан зона. Не една туку две. „Македонска фаланга“ е неформалната организиција која ги прати македонските репрезентативци секаде низ Европа, а во Виена подготовските ги прави во ресторанот „Килис“.

На нивно пријатно изненадување во Виена се раскомотија и навивачите колеги од Скопје.

Иако јавноста ги обвини за поделби, навивачките табори веднаш реагираа, се сплотија и тргнаа кон трибините здружени.

Македонската репрезентација шансата за пласман меѓу 12-те најдобри ќе ја бара со победа над Австрија.

Ако ракометарите ја имаат најтешката задача пред себе уште посилен противник на трибините добива и македонската фаланга.

Екипата на Телма на шега се обиде да ги предупреди австриските репрезентативци за пеколната атмосфера која ги чека утре.

Утре е денот кога поддржувачите и љубителите на ракометот ќе мораат да останат пред малите екрани, ракометарите да дадат се од себе, навивачите да дојдат во што поголем на трибините.

Дека тоа ќе се случи потврдува бројката на резервирани билети.

„Винер Штадхале“ во Виена ќе биде исполента до последното место.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ