Долга колона за влез во Грција

Три до четири часа се чека за влез во Грција поради бавно обавување на граничните формалности на грчка страна, а меѓуграничнот простор речиси е споен со возила од македонска страна.

МВР соопшти дека во делот на Република Северна Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска на граничниот премин Богородица-Евзони има подолга колона за влез во Грција, на грчка страна.

Во делот на Република Северна Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна.

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор.

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 30 до 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ