
Долг за операција на детска хирургија стигна до извршител
Обична партиципација за операција од 2200 денари во болница – Ќамуран Пајазитовски сега ќе ја плати осум пати повеќе на извршител.
Тврди дека за долгот не бил навремено информиран од шалтерските служби. Тој пред камерата на Телма го раскажа својот пат низ болничките и судски лавиринти.
Во 2012 година неговиот син Билал бил опериран од слепо црево на Клиниката за детска хирургија.
По операцијата тој бил пуштен од болница откако татко му ги платил болничките трошоци и си ги земал документите од шалтер.
Неколку години подоцна дознал дека тој се уште должи.
Телма контактираше со одговорните во Клиниката за детска хирургија. Случајот им е познат и тврдат дека Пајазитовски бил побаран за долгот и знаел дека должи.
Прво должниците се известуваат телефонски и со смс пораки за неплатен долг повеќе пати , потоа истите се известуваат писмено, и откако немаме повратен одговор од нивна страна предметот го предаваме на наш законски застапник за понатамошно постапување, тврдат од клиниката за детска хирургија.
Рокот за плаќање на долгови е три години и истиот е пробиен, велат од болницата.
Потоа нивните служби посегнуваат по судските инструменти.
Во меѓувреме Пајазитовски размислува и самиот тој да покрене тужби за да дојде до правдата.
Петар Догов