
Долг пат од Вила Водно до Собрание за предлогот на Ивaнов за член на судски совет
Каде заталка предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за член на судскиот совет. Иванов го испратил но претседатлеот на собранаието Џафери се уште не го примил предлогот за кој треба да гласаaт пратениците.
- Предлогот на Претседателот Иванов за член на судскиот совет, е доставен до Собранието на Република Македонија согласно законските прописи и рокови, велат од Кабинетот на претседател на РМ.
Двајца членови на судскиот совет од кои еден е припадник на немнозинските заедници ги предлага претседателот на државата а изборот го врши Собранието. На членот Беким Реџепи мандатот му истече на крајот на декември. Колку време патува предлогот односно кога е испратен од кабинетот на Иванов не ни одговорија, но од кабинетот на Џафери тврдат дека во архивата на Собранието таков документ не е пристигнат.
Од Вила Водно не се открива ниту кој е предлогот на Иванов за нов член на судскиот совет но неофицијално се споменува името на Бујар Сабриу. Тој на јавноста и е претходно беше челн на судксиот совет од 2007 до 2013. Неговото име се најде во медиумите во 2017 кога со нож бил нападнат во неговата адвокатска канцеларија во Тетово.
Останува неејасно и дали ќе се пополни испазнетото место во судскиот совет пред претседателските избори или пак ке се чека нов предлог од новиот претседател.
Промени во судксиот совет во тој период ќе има и на челната позиција. На крајот на април истекува претседателскиот мандат на Зоран Караџовски. Кој ќе го наследи? Соговорници на Телма од внатре говорат дека новиот претседател на ова судско тело што бира и разрешува судии најверојатно ќе се бира меѓу новите 5 мина челнови што седнаа во судскиот совет на крајот од минатата година.
Елена Ивановска Мукоска