Документарецот за РЕК на Телма дел од доказите на Обвинителството со кои го тужи Комбинатот дека загадувал

Серија прилози и документарен филм насловен „Енергија што убива“ изработи Телма во 2017 година за загадувањето од депонијата со пепел во РЕК Битола, а овие истражувања ќе бидат дел од доказната постапка во обвинението што сега го покрена Обвинителството против поранешен директор на комбинатот и Државните електрани.

Пред две години за првпат јавно се објавија резултати од проект на Битолскиот и Солунскиот универзитет, кои покажаа дека отровната пепел од одлагалиштето се разнесува низ цела Пелагонија, ја загадува околината и е штетна за здравјето на луѓето.

Пепелта преку  воздухот, однсоно прашината  се шири насекаде  не само до Битола, туку и во Приелпскиот Регион,а  исто така и до Пелистер, односно доаѓа над цела Битола,  изјави проф-др. Љупчо Кочовски, Биотехнички факултет Битола- 31 март 2017.

Неопходно е да се преземат мерки за спречување на дисперзија на овие честички во воздухот. Тие мерки се познати, спречување на дисперзија значи покривање, односно на различен начин намалување на можноста оваа прашина да се разнесува во воздухот до градот Битола и населените места во оваа околина, изјави проф. др Трајче Стафилов, Природно-математички факултет – 3 март 2017.

По овие  предупредувања на експертите, екологистите  поднесоа кривични пријави против раководството во РЕК,  но,  од комбинатот  тогаш тврдеа дека отпепелувањето се врши според  стандардите, а прашина се подига само кога има ветер.

Се одлага пепелта во касети кои се направени со земја. Кога се одлага пепетлта, се покрива со 30 до 50 цм земја. Како се одлага пепелта,  така се покрива со земја, изјави Тони Паспаловски, РЕК Битола -22 април 2017.

Сепак обвинителството наведува дека обвинетиот директор  во периодот од јануари 2015 до февруари 2017 не се придржувал  кон прописте за заштита на животната средина, затоа што пепелта не се покривала навреме со земја, а потребната механизација не била ангажира континурано

Како резултат на тоа, количините  непокриена пепел  во март 2017 година достигнале површина од 50.000м2. При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК Битола и луѓето кои живеат во населените места околу РЕК Битола, пишува  во соопштението од ОЈО-Битола.

Актуелното раководство  на РЕК Битола тврди дека површините на непокриена пепел сега се сведени на 5000 метри квадратни, а на одлагалиштето при крај е изградба на бедем  од земја со кој треба да се спречи разнесувањето на пепелта од ветрот. 

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ