Дојранските плажи се подготвени за туристи

Дојранските плажи се подготвени за туристи. Општината ја издаде и последната плажа на крајбрежјето којашто немаше концесионер, Свети Никола кај Стар Дојран. Дел од плажите во центарот на градот, пак, се уредуваат од хотелиерите и општината. Дојран е готов за туристичка сезона.

Еден од поголемите проблеми последните години се јавува со  надоаѓањето на водата и поплавувањето на плажите. Токму поради надојдената вода се уништи и пешачката патека долж езерото која во следниот период ќе се реконструира.

Лани во Дојран се остварени над 100 000 ноќевања. Повеќето се од домашни туристи, но туристичкото биро бележи и  зголемување на бројот на гости од странство.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ