
Дојранските плажи полни со туристи
Дојранските плажи вријат од туристи. Капачи, патници на поминување или викенд гости, во градот е преполно на почетокот од август.
Освен стандардниот проблем – комарците и преоптеретената канализациона мрежа, во екот на сезоната на крајбрежјето нема други забелешки.
Градоначалникот Ангов вели дека мора да се продолжи туристичката сезона, наместо три – барем девет месеци во годината. Затоа би се понудиле други, алтернативни содржини. Но најпрво, мора да се реши и проблемот со малиот сместувачки капацитет од хотелиерите, за што пак, се потребни побрзи урбанистички решенија.
Просечно Дојран секоја година остварува околу 100.000 ноќевања во текот на тримесечната сезона.
Сузана Мицева