
Дојран преполн за Илинден
Дојран преполн за Илинден. Голем број туристи за празникот се на дојранското крајбрежје. Скара, топла вода и пријатна клима се доволна причина да биде одбрана дестинација за празниците. Од локалната самоуправа пак, велат дека годинава посетеноста е значително пониска од лани. Најбројни биле викенд гостувањата, на домашни и странски гости.
Општината не знае колкав е конечниот број на остварени ноќевања од причина што голем број сопственици н соби за издавање не ги пријавуваат за да ја избегнат туристичката такса. Ангов вели дека затоа се преземаат дополнителни мерки со кои ќе се знае колку туристи останале во градот.
Дојран полека го враќа некогашниот туристички сјај. Со надоаѓањето на водата се обновија голем дел од сместувачките капацитети, а општината има најава и за нови инвестиции во хотелскиот бизнис.
Сузана Мицева