Дојран на втор референдум во три години

Дојранчани утре ќе гласаат на вториот локален референдум во својата општина. Вторпат во три години, жителите на оваа крајезерска погранична општина ќе треба да одлучуваат за важни прашања за животот во нивната заедница.

Овојпат прашањето е дали се за или против водоводот и канализацијата да бидат дадени на јавно – приватно партнерство. Општината смета дека така ќе се реши проблемот со ендостаток на канализациони системи во населените места.

Од општинската изборна комисија на Дојран велат дека ќе се гласа на осум зибирчаки места во општината, а право на глас имааат 2.750 граѓани.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ