
Дојран на референдум ќе одлучува за јавно-приватно партнерство на водовод
За две седмици Дојран ќе организира референдум на локално ниво. Граѓаните ќе треба да се изјаснат дали се согласуваат комуналното претпријатие, односно водоводот и канализацијата да се дадат на јавно – приватно партнерство. Општината оваа намера ја објави уште минатата година, но сакаат да го слушнат мислењето на граѓаните пред да се
донесе конечка одлука.
Градоначалникот вели дека настапуваат отворено и ќе се почитува исходот од референдумот. На ваков чекор се одлучиле поради неможноста на општината и комуналното претпријатие да изградат канализациона мрежа што е закана и за екологијата и езерото.
Овој ќе биде втор локален референдум во Дојран по оној пред три години кога граѓаните одлучија дека ен сакаат рудници во нивна близина.
Сузана Мицева