
Договорот за името од понеделник пред пратениците
Откако утре во Преспа, Македонија и Грција ќе го потпишат договорот за името,во понеделник наутро Владата на веќе закажана седница треба да го усвои законот за негова ратификација по што документот ќе биде испратен во парламентот.Откако пратенциите ќе го ратификуваат договорот , треба да следи негово потпишување од страна на претседателот Иванов кој веќе најави дека нема да го поддржи
Македонската страна според уверувањето на владата ќе успее својот дел од обврските да го заврши до крајот на годината а Грција се очекува договорот да го ратификува во јануари пред да влезе во изборна кампања
Во однос на прамбулата и промените во Уставот а кои се однесуваат на моменти кои Грција ги смета за потенцијално непријателски,Маричиќ објаснува дека одлуките на АСНОМ кои се клучни за Македонија остануваат во преамбулата.
Заедничките експертски комисии кои ќе се формираат ќе имаат еднаков број на членови и тие ќе ги разгледува учебниците во образованието и тоа елементите што можат да бидат потенцијално непријателски а не се исторски точни.
6 месеци откако договорот ќе стапи на сила , ќе се преиспитува и статусот на спомениците, јавните згради и инфрастурктурата.Согласно договорот Македонија нема воопшто и никаде да го употребува на знамето од Вергина, симбол кој иако беше сменет во 93 година , од страна на некои ЈП последниве години пак се врати во јавна употреба.Договорот не превдидува цензура во овој дел рече Маричиќ но треба добра волја за да се имплементира а тоа значи ЈП да него користат во иднина
Виолета З. Стојановска