Договорот за името на седница на 5 јули

Договорот за името повторно ќе се ратификува на собраниска седница на 5 јули. Ова е утврдено на денешната координација на пратеничките групи на  која не присуствувале ВМРО-ДПМНЕ. Овојпат за договорот  треба позитивно да се изјаснат 61 пратеник по што Претседателот Иванов е должен да го потпише. Владејачките партии апелираат Иванов да престане со своите деструктивни политики да работи на штета на граѓаните и против иднината на државата.

Доколку Договорот се најде во истата ситуација како и Законот за јазици, парламентарното мнозинство размислува тие во пакет да бидат испратени на објавување во Службен весник само со потписот на собранискиот спикер Талат Џафери. Директорот на Службен весник, Мартин Косовски изјави дека оваа институција нема да ги спречи прогресивните и напредни процеси на државата. За ВМРО-ДПМНЕ доколку ова се случи тогаш тое ќе претставува кривично дело кое не застарува. Академик Владо Камбовски смета дека Претседателот е должен да ги потпишува законите и договорите што ги усвојува и ратификува Собранието, а не да изнесува лични ставови и толкувања.

Партиите не соработуваат ниту за изборот на членови на ДИК. Процесот е заглавен, а оптималните очекувања се дека може да има некаков напредок дури ледната недела. СДСМ го обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека тие го одолговлекуваат целиот процес и не се закажува седница на Комисијата за избори и именувања затоа што немаат конечен став околу нивните кандидати. Социјадемократите веќе ги утврдија своите предлози, Борис Кондарко, Јанакие Витановски и Радица Ристеска. Овој привремен состав на ДИК треба да го организнира референдумот кој ќе биде распишан кон крајот на месецов.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ