Договорот со Бугарија, добар и за економијата

Забрзана изградба на железницата до македонско бугарската граница, патишта, олеснети царини и поефтин роаминг бараат стопанствениците за да се зголеми трговската размена меѓу двете земји.Економската соработка е во постојан раст велат тие но ефектот би бил поголем ако се забрза транспортното поврзување.Компаниите присутни на македонско бугарскиот бизнис форум побараа приоритет ан двете влади да бидат патиштата и пругите.

Првата фаза од пругата до Бугарија,на која се чека десетици години е во фаза на изградба , втората фаза се тендерира а з атретата се бараат пари.Во фаза на проектирање е и железницата од бугасрката страна но возот од Скопје до Софија ќе го дочекаме во 2027 година.

Потпишувањето на договорот за добрососедство според двајцата вицепремиер е прв чекор во насока на економски раст и развој но вистинските односи се создаваат кога се инвестира заеднички.Во насока на надминување на административните бариери и побрз проток на стоки и луѓе тие најавија можност за формирање на заеднички граничен царински премин.Тргвоската размена меѓу Бугарија и Македонија лани достигна речиси 700 мил долари или 17 % повеќе од 2017.Нема подобар сигнал од овие бројки рече Анѓушев дека стабилизирањето на односите помеѓу државите дава ефект и во економијата.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ