Договорот од Преспа во Грција и официјално стана закон

Македонија ќе стане Република Северна Македонија за околу две недели, кога според процедурата треба да стапи на сила Договорот од Преспа. Од денеска тој е и официјален закон во Грција, откако беше потпишан од преседателот и веќе е објавен во Службен весник со вчерашниот датум, 25-ти јануари.

Првиот член е договорот во целост на англиски и преведен на грчки јазик. Вториот член вели дека Канцеларијата за врски во Скопје се подига на ниво во амбасада, а третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата и по исполнување на предусловите, согласно членот 20.

По објавувањето во службениот весник, се очекува грчаката страна со нота и официјално да ја информира Макеоднија. Дека договорот е ратификуван, и  двете земји ќе го информираат посерникот во спорот од ОН, Метју Нимиц. Во меѓувреме, Грција го известува и генералниот секретар на НАТО дека Договорот од Преспа е ратификуван од нивна страна.

Министерот Димитров на кратко објасни што следува по тоа.

По стапување на договорот на сила во Македонија, земјата ги информира ОН и сите меѓународни организации дека новото име е Република Северна Македонија. Додека трае ратификацијата во парламентите на 29-те членки, Македонија ќе учествува во процесите во Алијансата, ќе добие столче, но без право на глас.

Со Договорот од Преспа се решава тридеценискиот спор што Грција го имаше со името на Македонија. Беше потпишан на 17-ти јуни минатата година. Постигнувањето на истиот не беше лесно, рече премиерот Заев. Но беше нужен влог за децата и граѓаните да живеат подобро. Тој е победа за сите, вели тој на ден по неговата ратификација во грчкиот парламент.

  • Од денеска тргнуваме со уште поголема сила да ги зближуваме граѓаните и народите на двете земји. Иднината нема веќе да ја гледаме како фатална судбина, туку како заеднички пат поплочен со пријателски намери и вредности кои произлегуваат од заедничкото европско смејство, истакна Заев. 

 Грчките медиуми, денеска со анализи што потоа? Согласни дека колку и да го подели општеството, овој договор Грција ќе мора да го почитува, без оглед кој е на власт. Таа мора да даде се од себе за да има добар сосед. Но не само на политичко и дипломатско ниво, туку целото општество.

 

Алиса Шутиноска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ