
Договорот од Преспа дел од темите на квадрилатералата во Солун
Пред една година можеби беше незамисливо дека ќе се постигне, но сега историскиот Договор од Преспа е факт и дава нова перспектива за регионот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по завршувањето на квадрилатералната средба во Солун, со премиерите на Бугарија и Романија и претседателот на Србија.
Говорејќи за регионот Ципрас се наврати неколку години претходно, направи споредба на ситуацијата тогаш и сега, рече дека во изминатата година „речиси никој не очекувал дека ќе се сменат толку работи“, а како позитивни разврски ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција. Во однос на иднината на регионот, грчкиот премиер истакна дека Балканот има динамична иднина, доволно е да постои визија, верба, но и смелост.
И за српскиот претседател Александар Вучиќ, договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион. Додаде и дека би сакал на ваков начин да се продолжи и во иднина, не навлегувајќи во подеинечните интереси на земјите, бидејќи како што кажа „се што би одлагале, во иднина би се вратило како бумеранг“.