Додовски: Театарската критика ни е потребна како и воздухот

Во време кога речиси нема вистинска  и аналитична театарска критика, театарскиот критичар Иван Додовски, во Битола ја промовираше својата книга „Малo фолио за тетатар“ во која се објавени театарски критики и театаролошки студии, кои авторот ги пишувал во изминатите 25 години.

„Театарската критика е непосакувана, живееме во општество  кое го анатамиса критичкиот дискурс и за жал, тоа отсуство на дијалог и критчко размислување,  создава ситуација во која не можеме креативно да размислуваме и да наоѓаме решение како заедница. Се надевам дека оваа книга ќе биде потсетување дека критиката ни е неопходна како воздух“, рече Иван Додовски, театарски критичар.

До таа мера сме опседанати со политика, што културата и театарот   се поставени на работ на општествениот интерес, вели режисерот Владимир Милчин, еден од промоторите на книгата „Мало фолио за театар“.

„Ако нема култура, ако немаме театар, ако немаме општествено внимание  на она што се случува во театарот,  ние имаме политика која е далеку полоша од онаа што би можела да биде, едноставно гласот на општесвената критика. Сцената е таква платформа од која на еден начин се изговара критика на несовршеноста на животот.  Затоа таа критика ние току потребна“ рече Владимир Милчин, режисер и промотор.

„Мало фолио за театар“  содржи театарски критики, студии и осврти, записи од фестивали и интервјуа, кои авторот ги пишувал од 1993 година до денес. Собраните текстови, од кои некои за првпат се објавуваат во оваа книга, се однесуваат на значајни личности, појави и процеси во областа на драмата и  театарот во независна Македонија, а во голем дел се однесуваат  на развојот на тетарот во Битола.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ