Додека властите се фалат со заокружени и реализирани планови, екологистите гласно критикуваат

Се доцни со мерките кои допрва ќе се воведат – за Телма коментираат од О2 Иницијатива, како одговор на најавите на Владата дека ќе се делат субвенции на луѓето за да купуваат инвертер клими.

Грејната сезона и аерозагадувањето се на прагот, а пред точно шест дена, заменик-министерот за Животна средина од говорница во Владата кажа дека со промена од нафта во гас како извор на енергија во болницата во Струмица успешно се спроведува двегодишниот план.

Немаме ниту увид во спроведувањето на Планот – на изјавата на министерот одговорија од О2 Иницијатива. На интернет може да се најде сешто, но не и информации од властите, изјави Татјана Чакулев.

Но, за да се има увид во концентрациите на отровни ПМ честички во воздухот, невладините ги повикаа властите и да ги заменат мерните станици кои не регистрираат информации за состојбата со отровни честички во воздухот затоа што се расипани или дотраени.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ