Додека се решава аерозагадувањето, Шилегов игра на мобилен

Мобилниот телефон беше поинтересен за скопскиот градоначалник од дискусијата на  Влатко Ѓорчев за пшотребата од  јавна дебата за загадениот воздух. Шилегов, кој се фали со засилени инспекции и мерки за загадувањето од домаќинствата и транспортот, си играше на телефонот додека еко активистите и пратениците се препукуваа и си ја префрлаа  одговорноста за проблемот со аерозагадувањето.

Еко-активистите се сложија со владата, но и со опозицијата дека треба да се вложат повеќе пари за мерките, и да се набават нови мерни станици за воздухот.

Со поделени мислења се за мерката со налепници на возилата.

Во салата не беше присутен Садула Дураку, министерот за животна средина. Неговиот заменик, Јани Макрадули побара од академската заедница повеќе да се вклучи и проблемот да се решава со научно знаење.

Двегодишниот план за преполовување на аерозагадувањето од Министерството за животна средина го најавија како проект кој за малку пари треба да даде големи резултати. Макрадули денес сепак призна дека борбата против загадувањето на воздухот не е евтина и дека треба се вложат повеќе пари.

Во изминатиот период, надлежните анализираа кои се најголеми загадувачи. Фокусот беше ставен на аерозагадувањето од печките во домовите и од старите возила. Влијанието кое го имаат отровите од фабричките оџаци, допрва ќе го анализираат.

Според градоначалникот, фабриките во Скопје работат по утврдени европски стандарди. Поради тоа, тој смета дека тие имаат многу низок удел во аерозагадувањето.

 

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ