Додека не открие во чии џебови завршиле буџетски пари од Скопје 2014-та, СЈО нема да отвори истрага

Анализи на фасади споменици и објекти се само дел од доказите кои СЈО ги собира во досието „Скопје 2017“.  Специјалната обвинителка Катица Јанева вели собрале огромен број на материјали но предистражната постапка која трае 2 години се уште не е готова и истрага нема да отвораат се додека не се расплетка целосно шемата по која се движеле парите – од буџетот па се до приватни џебови во земјава и странство. Обвинителите на СЈО анализирале и одлуки на владата и утврдиле дека одлуките поврзани со Скопје 2014 се носеле под точка разно и нетранспарентно за јавноста да нема увид што се гради и колку тоа чини.

Јанева вели сеуште има последици од Скопје 2014 од одлуките кои биле носени на суптилен и организиран начин од 2007 а се спроведуваат до денеска. Специјалната обвинителка откри дека имало неправилности и со архивирањето на документите од јавните набавки за овој милионски градежен проект.

0д 2007 до 2015 биле направнеи низа законски измени за да се покрие изградбата на објектите од проектот. Се реализирал преку институции кои воопшто немаат надлежност за градење ова се дел од анализата на Транспарентност Македонија.

За политичките, архитектонските, културните, естетските и другите последици од менувањето на лицето на центарот на Скопје говореа и поранешниот и актуелниот министер за култира, првиот човек на претседателот на работната група за Скопје 2014 Грчев и други екперти на конференцијата „Заробена држава илустрација прeку проектот Скопје 2014.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ