Добив функција од владата за да преживеам, пишува командант Хоџa

Добив функција од владата за да преживеам, пишува командант Хоџа по информацијата, дека е назначен за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.

Како што објави Независен весник, Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа од конфликтот во 2001 година, на фејсбук напиша, дека со Зоран Заев имал договор, да го ослободи Танушевци, а за возврат да добие функција, близу до премиерот, како гаранција за неговата безбедност.

„Ниту сум избран за премиер, ниту за прв парламентарец. Едноставно, се работи за функција за да преживеам. Секакви луѓе има во владата, избрани на разни функции, а вие реагирате за мене. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе, и да нема никакви проблеми. Не сум направил договор со Заев за гласови, и очекувам овој договор премиерот да го испочитува“, напиша командант Хоџа.

Од владата се уште нема потврда, дали Шакири е назначен за советник на премиерот.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Информациите дека Џезаир Шакири влегува во владата се загрижувачки, велат од вмро-дпмне.

Тоа што владата два дена нема информација дали тој е ангажиран, или не е доказ за срамните пазарења кои што се прават, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата бараат одговор од премиерот Зоран Заев дали бил до толку уценет што прифатил да го ангажира Шакири како надворешен советник и да го плаќа со пари на граѓаните?

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ