
До утре ќе се знае колку лица ќе бидат објавени за непримање решенија за изолација
Епилогот на изминатите 24 часа на работата на Државниот санитарен инспекторат околу следењето на контактите на позитивните со коронавирус во земјава е издадени 566 решенија за изолација. Само вчера во Скопје се издадени 205 решенија за изолација. Директорката за ДСЗИ, Иринка Сотирова Бухова вели дека интензивно се бара решение за објавување на оние кои не ги примаат решенијата за изолација. ДСЗИ веќе информираше дека бројот на лица кои не ги примиле решенијата е 450, а за тоа колку имиња ќе бидат јавно објавени Бухова за Телма вели дека ќе се знае до утре кога се чека во Инспекторатот со повратница од пошта да бидат вратени решенијата кои не биле испорачани поради непозната адреса или пак не биле врачени.
Правната процедура ќе биде испочитувана од почеток до крај. Се усогласуваме со Управен инспекторат и Комсија за заштита за лични податоци. Сепак изминативе три дена, како и денеска во ДСЗИ има зголемен број на телефонски јавувања и електронска пошта од граѓани кои од било која причина не ги добиле решенијата, вели таа.
Сепак Бухова и покрај тоа со жалење констатира дека вчера и звачера бројот на решенија на контакти е поголем и нема подобрување во однос на примање на решенијата.